Израел

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за мировен договор

15.03.2024 09:23

Визијата на милитантната група за прекин на огнот во неколку фази, според израелскиот кабинет се состои од нереални барања...

Израелскиот премиер Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници. Визијата на милитантната група за прекин на огнот во неколку фази, според израелскиот кабинет се состои од нереални барања.

Во меѓувреме, се посилни се критиките од Вашингтон за дејствувањето на Тел Авив во Појасот Газа. Од Белата Куќа велат дека не сакаат операции во Рафах и раселување на 1,4 милиони Палестинци. Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер пак побара избори во Израел и рече дека премиерот Нетанјаху е пречка за мирот во регионот.

Партијата на израелскиот премиер, Ликуд, му порача на сенаторот Шумер, дека „Израел не е банана република“.