Уставниот суд денеска ќе биде домаќин на Меѓународна конференција во Собранието
Тема на конференцијата ќе биде „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“ ...

По повод 60 години од основањето, Уставниот суд денеска ќе биде домаќин на Меѓународна конференција која ќе се одржи во Собранието, со почеток во 10:00 часот. Тема на конференцијата ќе биде „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“.
Настанот се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој му претходеше склучување на Меморандум за разбирање.
На конференцијата најавено е обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Јован Митрески, премиерот во техничката Влада Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога, амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и други.
