Брод со 200 тони помош е во близина на Газа
Бродот што во вторникот тргна од Кипар со 200 тони помош за Палестинците е во близина на Газа...

Бродот што во вторникот тргна од Кипар со 200 тони помош за Палестинците е во близина на Газа. Пилот-програмата за отворање на поморски коридор до окупираната енклава се очекува да ја ублажи хуманитарната криза.
Израелскиот премиер Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници. Визијата на милитантната група за прекин на огнот во неколку фази, според израелскиот кабинет се состои од нереални барања. Во меѓувреме, се посилни се критиките од Вашингтон за дејствувањето на Тел Авив во Појасот Газа.
Лидерот на мнозинството во сенатот, Чак Шумер пак побара избори во Израел и рече дека премиерот Нетанјаху е пречка за мирот во регионот. Партијата на израелскиот премиер, Ликуд, му порача на сенаторот Шумер, дека „Израел не е банана република“.
