Лозарите преговараат за родот

17.06.2014 10:00

Лозарите се на мака. Болестите и дожливото и облачно време ќе го преполоват родот. Некои винарски визби веќе нудат договори за откуп, но повеќето ќе го чекаат почетокот на бербата...

Лозарите се разочарани. Годинава родот може да биде и дватапи помал од ланскиот.

Пламеницата и другите  болести зафатија голем дел од насадите, а за заштитните средства велат дека имаат многу слаб ефект и големи трошоци.

Иако има уште два и пол месеци до бербата, визбите почнуваат да склучуваат договори за винското грозје. Според лозарските здруженија, годинава интересот на винариите е послаб поради помалата побарувачка на виното.

Лани смедеревка се откупиваше по 11денари за килограм, а за новиот род очекувањата се дека цената ќе биде логолема. 

 

Методија Трајков