САД
Торнадо во САД, најмалку 40 лица се повредени
15.03.2024 11:26
Најмалку 40 лица се повредени, од кои неколку потешко од налет на торнадо во американските сојузни држави Индијана, Охајо и Арканзас...

Најмалку 40 лица се повредени, од кои неколку потешко од налет на торнадо во американските сојузни држави Индијана, Охајо и Арканзас.
Според официјалните претставници, голем број куќи и деловни објекти се оштетени или уништени. Државната полиција на Индијана соопшти дека ги истражува извештаите за смртни случаи.
Одделот за домашна безбедност и федералната агенција за управување со вонредни состојби се повикани да помогнат во напорите за пребарување во Винчестер, град со 4.700 луѓе.
