Дончиќ не е сериозно повреден

15.03.2024 12:39

Во негово отсуство најефикасен кај Маверикс беше Кајр Ирвинг со 36 поени, 23 постигна Тим Хардавеј јуниор.

Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ го пропушти натпреварот против Оклахома Сити Тандер, но магнетната резонанца не покажала сериозен проблем. Веста ја потврди тренерот на тимот Џејсон Кид.

Во негово отсуство најефикасен кај Маверикс беше Кајр Ирвинг со 36 поени, 23 постигна Тим Хардавеј јуниор. Тандер го предводеа беше Шеј Гилџис-Александер со 31 поен, девет скока и пет асистенции, Вилијамс со 27 поени и Џош Гиди со 18 поени и пет асистенции.

Во дербито, најдобриот тим во лигата Бостон го совлада Феникс со 127:112. Селтикс ја забележаа 52. победа од почетокот на сезоната.