Владин тим предводен од Груевски во економска посета на Велика Британија
Во рамките на престојот се очекува премиерот Груевски да посети и повеќе медицински центри во Велика Британија при што ќе се разгледаат можностите за остварување на соработка...

Премиерот Никола Груевски престојува во неколкудневна економска работна посета на Велика Британија. Во владиниот тим се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо.
Тие ќе присуствуваат на „Глобалниот економски форум 2014“ во Ливерпул како дел од програмата на глобалниот настан „Интернационален фестивал за бизнисoт“.
Во рамките на посебната сесија посветена на темата за раст на пазарите на земјите во развој и нивното влијание врз Европа, свое обраќање ќе има и вицепремиерот Ставрески, при што ќе го пренесе македонското искуство во оваа област.
Во рамките на престојот се очекува премиерот Груевски да посети и повеќе медицински центри во Велика Британија при што ќе се разгледаат можностите за остварување на соработка и размена на медицински персонал и негова обука.
