Меѓународна конференција

Уставниот суд е заштитник на човековите права

15.03.2024 13:21

Шеесет години постоење на Уставниот суд е само потврда на капацитетите на нашиот систем и доказ за истрајноста и непоколебливиот пристап во изградбата на правната држава...

Шеесет години постоење на Уставниот суд е само потврда на капацитетите на нашиот систем и доказ за истрајноста и непоколебливиот пристап во изградбата на правната држава. Ова е дел од говорот на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, која од Собранието зборуваше за одбележувањето на шест децении на оваа институција. Фиљана Кока и Викторија Милевска го следат настанот кој е предвидено да трае до доцна попладнево.