МВР
Претрес во кочанско, пронајдена дрога
15.03.2024 14:10
Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип го лишиле од слобода Н.С.(43) од с. Горни Подлог, кочанско.

Вчера, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип го лишиле од слобода Н.С.(43) од с. Горни Подлог, кочанско. При претрес во неговиот дом во с. Горни Подлог, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, машинка за изработка на цигари, воздушен пиштол калибар 4,5 мм и повеќе дијаболи калибар 4,5 мм за кои не поседувал документација.
По целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР.
