Јолевски: Разговорите за името ќе продолжат под покровителство на ОН
Што се однесува до членството на Македонија во НАТО, амбасадорот оцени дека тоа останува највисок приоритет во надворешната политика на Македонија...

Го информирав медијаторот Нимиц за мојата нова функција, се договоривме разговорите да продолжат под покровителство на Обединетите нации, изјави за Гласот на Аамерика на македонски, амбасадорот Зоран Јолевски кој е номиниран за нов министер за одбрана.
„Македонија останува посветена за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое ќе го заштити македонскиот идентитетот и дигнитетот. Се договоривме Нимиц да продолжи со неговиот план наскоро да ги посети Скопје и Атина“, посочи Јолевски во интервјуто.
Што се однесува до членството на Македонија во НАТО, амбасадорот оцени дека тоа останува највисок приоритет во надворешната политика на Македонија.
„Следниот период, целосно ќе се посветам на остварување на оваа цел“, изјави Јолевски за Гласот на Америка на македонски јазик.
