Реал против Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Победникот од оваа двојка во полуфиналето ќе се сретне или со Арсенал или со Баерн Минхен.

Двајца од најголемите фаворити во Лигата на шампионите – актуелниот освојувач на трофејот Манчестер Сити и најтрофејниот клуб на турнирот, Реал Мадрид ќе се сретнат во четвртфиналето, одлучи денешната ждрепка во Нион. Победникот од оваа двојка во полуфиналето ќе се сретне или со Арсенал или со Баерн Минхен.
Екипата на Атлетико Мадрид, која во претходната фаза го елиминира Интер, ќе игра во четвртфиналето против Борусија Дортмунд, а Пари Сен Жермен и Барселона ќе спорат меѓу себе за пласман во полуфиналето.
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 9 и 10 април, а реваншите се една недела подоцна – на 16 и 17 април. Полуфиналните натпревари се на 30 април/1 мај и 7/8 мај, а финалето на Вембли е закажано за 1 јуни.
Ждрепка за четвртфиналето на ЛШ:
Арсенал – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Пари Сен Жермен – Барселона
Ждрепка за полуфинале:
Атлетико Мадрид/Борусија Дортмунд – ПСЖ/Барселона
Арсенал/Баерн Минхен – Реал/Манчестер Сити