Цени

Ако има поскапување, ќе се вратат мерките

15.03.2024 14:42

Доколку за шест месеци, колку што трае усогласувањето на новиот закон, има зголемување на цените, министерот за економија не ја исклучува можноста од повторно ограничување, но и затворање на маркети...

Листата од над 2.300 производи која произлегува од Законот за нефер трговски практики веќе е доставена до стопанските комори, во наредните десет дена се очекува да ги достават нивните забелешки, вели министерот Бектеши. Доколку за шест месеци, колку што трае усогласувањето има зголемување на цените, не ја исклучува можноста од повторно ограничување, но и затворање на маркети.

Граѓаните секојдневно пријавуваат поскапување во Организацијата на потрошувачи, кои сè уште не ја добиле листата на производи. Оттаму не очекуваат дека Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените. Кој ќе им ги врати парите на граѓаните од поскапувањето на производите додека да стапи во сила овој закон-прашуваат тие.

Производителите и трговците сами треба да ги средуваат односите во законската рамка, без злоупотреби и манипулација, истакна Бектеши.

Александра Велинова