Во тек се подготовките за престојните избори
Граѓаните ќе може да проверат дали се впишани во избирачкиот список до 18-ти март, на 2-ри април тој се затвора. Оние кои ќе станат полнолетни меѓу двата изборни круга, ќе гласаат само на парламентарните избори...

До 18-ти март граѓаните ќе може да проверат дали се впишани во избирачкиот список. На 2-ри април тој се затвора, но со последните измени во Изборниот законик, покрај со истечени лични документи ќе може да гласаат граѓаните со наполнети 18 години живот, заклучно со денот на изборите.
Оние кои ќе станат полнолетни меѓу двата изборни круга, ќе гласаат само на парламентарните избори.
Членовите на ДИК се воздржани од коментар, дали еден процент од гласачите во изборната единица е голем број што би требало да го собере независен кандидат за листа на пратеници или советници во општините. Но, во однос на дијаспората соопштуваат дека во 52 дипломатски претставништва веќе има пријавено по 10 гласачи, но тоа е премалку за да се добие пратеник од нашинците надвор, бидејќи за влез во Собранието победник од дијаспората би бил човек кој собрал над 5.300 гласови.
Миле Ристески
