Протест за развој на Мариово
Два часа беше блокиран регионалниот пат Прилеп-Витолиште. Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово обвинува дека и локалната и централната власт ја заборавиле значајната област која зафаќа територија од околу 4 проценти од државата. Грижата е законска обврска велат поранешни, но и сегашни жители …

Заборавено, речиси раселено и без основни услови за живот. Постои децениска негрижа за Мариово кое зафаќа 4 насто од територијата на државата. Последниве години ситуацијата е катастрофална, обвинуваат сегашни и поранешни жители на Мариово. Тие денеска два часа го блокираа регионалниот пат Прилеп-Витолиште и побараа грижа од локалните и централните власти.
Постои негрижа иако тоа е законска обврска на институциите, велат од иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово. Непочитувањето на законската обврска го доведе Мариово од 16.000 на 150-тина жители.
На Мариово потребна му е и изградбата на хидроцентралата.
Елизабета Митреска
