Поројниот дожд во Велес предизвика потешкотии во сообраќајот и наноси на патишата
Поројниот дожд што вчера го зафати Велес предизвика проблеми во сообраќајот и наноси на патиштата.
Според информациите од Центарот за справување со кризи, од удар на гром оштетен е покрив на семејна куќа на улицата Луј Пастер.
Други штети засега не се пријавени. И овој пороен дожд донесе многу земја на главната сообраќајница. Од локалната самоуправа велат дека нивните екипи веќе ги расчистуваат наносите на улицата Благој Ѓорев.

Повеќе детали се најавуваат за денеска.