Турција дала рокови за екстрадиција на Палевски
Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција, но министерот за правда Лога не сакаше да го обелодени …

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција, но, министерот за правда Кренар Лога не сакаше јавно да ја обелодени информацијата кога е тој рок и кога Палевски ќе биде донесен во Македонија.
Министерот Лога додаде дека одржува комуникација со турските власти и дека во Турција веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, во притвор останува таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого ниту Врховен суд не му ја прифати жалбата, како и осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.
