Хрватска

Милановиќ ќе биде кандидат на СДП за премиер на Хрватска

15.03.2024 21:37

Најави победа и формирање влада на национален спас...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на претстојните избори ќе настапи како носител на листата на социјалдемократската партија и ќе цели на премиерската функција. Најави победа и формирање влада на национален спас.

Актуелниот шеф на владата Пленковиќ изјави дека потегот на Милановиќ покажал оти маските конечно паднале и неговата ХДЗ ќе ја порази СДП по трети пат.