Македонија
Пукање во Куманово, одземена торба со пари
15.03.2024 22:08
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира кумановската полицијата...

Непознати лица вечерва на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, првин удриле во возило, а потоа и пукале кон 63 годишниот возач. Подоцна му ја одзеле торбата со пари, и го запалиле патничкото моторно возило „ренџ ровер“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира кумановската полицијата.
