Временска прогноза

Времето денес променливо облачно со локален слаб дожд

16.03.2024 08:35

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.