Локален младински совет за подoбрување на квалитетот на живот на младите велешани
Приоритетите на младите во локалните средини можат побрзо да стигнат до дневниот ред на општинските совети само ако тие се организираат и ако дејствуваат заеднички, во соработка со локалната самоуправа. Младинскиот активизам на дело го покажаа младите од Велес кој наскоро ќе излезе со список на нивните потреби...

Младите од Велес бараат формирање на Локален младински совет, тело кое ќе биде дел од работата на локалната самоуправа. Преку учеството во работата на советот младите сметаат дека полесно ќе дојдат до реализација на своите проиритети.
„Секој млад си има свој приоритет, некој сака театар некој сака скиборд, некој скака да спортува некој сака нешто но се страмат да го искажат“, рече Александар Арсовски, МОФ.
„Ќе ја доближи потребата, зошто е потребен Локален младински совет кој се целите на локалниот младински совет и кој организации ќе бидат вклучени“, рече Дејан Ристов, МОФ.
Јакнењето на младинскиот активизам треба да го подобри квалитетот на живот за младите во Велес.
„Реално ни фали едно добро кино, ни фали спортски објект повеќе за младите за повеќе рекреирање еве сега ни го направија стадионот се надевам дека повеќе ќе се рекреира“, рече Јане Јанков, ИО Димитар Влахов, Велес.
На саемот на младисни организации во Велес се преставија најстарите организации чија целна група се токму младите. Проектот „Младите за Велес“ е дел од националната програма на Младински Образовен Форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финасиски е подржан од Европската унија.
Дијана Иванова
