БиХ

Земјотрес во Босна и Херцеговина

16.03.2024 08:47

Земјотрес со јачина од 3,5 степени утрово околу пет часот ја погоди Босна и Херцеговина...

Земјотрес со јачина од 3,5 степени утрово околу пет часот ја погоди Босна и Херцеговина.

На него му претходеше земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, кој се случи нешто по три часот наутро.

Според првите информации, епицентарот на земјотресот е на 27 километри североисточно од Требиње.