Црна Гора
Нов земјотрес ја погоди Црна Гора
16.03.2024 09:35
Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора...

Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора.
Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина.
Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Подгорица соопшти дека земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, во епицентралното подрачја на Никшиќ на длабочина од 14 километри.
Земјотресот е почувствуван и во Мостар во Босна и Херцеговина, како и во крајбрежните градови во Хрватска.
