Падна дел од трупот на „Боинг“, принудно слета во Орегон
Нова драма на небото. Авионот „Боинг 737-800“ од постаро производство, кој пристигнал во јужен Орегон откако полетал од Сан Франциско, останал без дел од трупот...

Нова драма на небото. Авионот „Боинг 737-800“ од постаро производство, кој пристигнал во јужен Орегон откако полетал од Сан Франциско, останал без дел од трупот.
Од надлежната инспекција велат дека никој од патниците не бил загрозен. По слетувањето, аеродромот ги сопрел сите полетувања и слетувања но делови од трупот не биле пронајдени.
Последниот инцидент се случува неколку дена откако Боинг 777 на „Американ ерлајнс“ принудно слета во Лос Анџелес, поради механички проблем. На 8-ми март пак, друг авион од Сан Франциско мораше принудно да слета поради проблем со хидрауличниот систем.
