Еуростат

Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2

16.03.2024 11:08

Животниот век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85 години, потоа Тренто во Италија со 84, Ил во Франција 84 и Стокхолм, Шведска со 84 години...

Животниот век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85 години, потоа Тренто во Италија со 84, Ил во Франција 84 и Стокхолм, Шведска со 84 години.

Најкраток животен век, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72 години и во Унгарија 74 години. Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години. Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Северна Македонија.

Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75, а на мажите 71 година.