ДИК

Уште три дена увид во избирачкиот список, ДИК апелира граѓаните да се проверат

16.03.2024 12:21

Државната изборна комисија апелира, граѓаните да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори...

Остануваат уште три дена за увид во избирачкиот список. Рокот истекува на 18 март. Државната изборна комисија апелира, граѓаните да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори. Дел од граѓаните, веќе и го направиле тоа.

На изборите, право на глас ќе имаат и оние со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци.

Оние кои ќе наполнат 18 години помеѓу претседателските и парламентарните избори, ќе бидат запишани во списокот само за парламентарните избори.