НП „Шар Планина“

Реакции по одлуката за забрана за движење на ратраци

16.03.2024 12:33

Националниот парк Шар Планина донесе одлука со која се забранува движење на ратраци низ планинскиот појас освен по две регулирани патеки. Тур-операторите кои со нив превезуваат туристи за слободно скијање реагираат дека со оваа одлука државата нанесува сериозен удар на туризмот...

Ова е грдиот пејзаж кои машините го оставаат зад себе при транспортот на туристи, велат од Националниот парк Шар Планина образложувајќи зошто ја донеле одлуката за забрана за движење на ратраци. Кал, уништени пасишта, смреки и шумски производи. Ратраците возат и во услови кога нема снег, девастирирајќи ја природата, додаваат од установата.

Оттаму велат дека имаат собрано докази кои сè повеќе од доволни за поднесување на прекршочни и кривични пријави за уништување на планината. И покрај многуте обиди со тур-операторите кои ги носат туристите, не успеавме да најдеме заеднички јазик.

Државата со ваквата одлука го уништува туристичкиот потенцијал на Шара која скијачи од целиот свет ја избираат како дестинација подолг период, велат тур операторите. Се жалат дека е невозможно е да продолжат со оваа дејност, под услов да возат со ратраците само на две патеки.

Бројките говорот дека во текот на една сезона на Попова Шапка има над 6.000 ноќевање од странски туристи, кои доаѓаат на центарот токму поради слободното скијање.

 

Зоран Димовски