Струмица

Во Струмица синоќа маскенбал, вечерва карневал со околу 1.200 учесници

16.03.2024 13:39

Струмица живее во карневалската магија. Синоќа се одржаа маскенбалите вечерва пак е големото карневалско дефиле кое ќе трае три часа а на кое ќе учествуваат 1.200 учесници од земјава и странство. Ване Трајков за карневалските збиднувања во Струмица...

Карневалистите го отворија големиот маскенбал во Струмица. Шаренило од бои со одлични креации кои носеа различни пораки.

Лефтер и Цветанка Андонови беа избрани за принц и принцеза и тие вечерва ќе ја предводат карневалската поворка вечерва по струмичките улици.

Организаторите очекуваат богато карневалско дефиле. Оптимизмот го базираат на креациите кои се појавија на струмичкиот карневал.

Вечерашново карневалско дефиле ќе трае околу три часа, а се очекуваат околу 20 илјади гости од земјава и странство да го следат на струмичките улици.

 

Ване Трајков