Спласнува интересот за вакцинација против пертусис
Пунктовите за вакцинација речиси празни. Откако Комисијата за заразни болести донесе одлука, од понеделник во градинка да се примаат и деца со примени три дози ди-те-пер, под услов за шест месеци да дојдат на ревакцина, речиси и да не се доаѓа за имунизација...

Нема метеж на пунктовите за имунизација. Викендов, на прсти се бројат родителите кои ги носат нивните дечиња да ја примат вакцината ди-те-пер против голема кашлица. Лекарите потврдуваат дека таква била сликата и во изминативе два дена.
Од вакциналниот пункт во Букурешт велат дека од почетокот на неделава имало повеќе родители кои ги носеле децата на имунизација, но од кога се донесе одлука да може со три дози ди-те-пер децата да посетуваат градинка, бројот на вакцинација се намалува.
Од понеделник децата со три дози ди-те-пер ќе можат да одат во градинка, но за шест месеци ќе мора да бидат и ревакцинирани.
Од Министерство за здравство велат дека ди-те-пер вакцините за возрасни се стигнати и граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови. Уверуваат дека вакцините се безбедни.
Градинките ќе продолжат со проверка на списоците и потврдите за имунизација. Комисијата за заразни болести со став дека потврда за дете кое не смее да се вакцинира е валидна само ако е од тричлена комисија. Состојбата со големата кашлица сè уште не е стабилна, па не се исклучуваат и други мерки. Бројот на заболени со голема кашлица постојано се зголемува.
Ана Јосифоска-Тодоровска
