Индија

Индија се подготвува за најмасовните избори во светот

16.03.2024 15:40

На 19-ти април во Индија почнуваат најголемите избори во светот. Гласањето за новиот парламентарен состав ќе се одвива во седум фази, при што државите ќе гласаат во различно време...

На 19-ти април во Индија почнуваат најголемите избори во светот. Гласањето за новиот парламентарен состав ќе се одвива во седум фази, при што државите ќе гласаат во различно време. Резултатите ќе бидат објавени на 4-ти јуни.

Речиси една милијарда гласачи ќе изберат 543 членови за долниот дом на Собранието со мандат од пет години. Повеќето истражувања предвидуваат победа на премиерот Нарендра Моди и неговата хинду националистичка партија која бара трет мандат. Нему на изборите ќе му се спротивстави сојуз од 20-тина опозициски партии предводени од главната опозициска партија Индиска алијанса за инклузивен национален развој.