Северна Кореја

Ким Џонг-Ун за прв пат се возеше во автомобилот што му го подари Путин

16.03.2024 15:44

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за прв пат се возеше со луксузниот автомобил што му го подари рускиот колега Владимир Путин...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за прв пат се возеше со луксузниот автомобил што му го подари рускиот колега Владимир Путин.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким ја надгледувал војската за време на падобранска вежба, најновата во серијата вежби изминатите денови.

Пјонгјанг и Москва ги затоплија односите во текот на изминатата година за што Западот и Јужна Кореја изразија загриженост дека Северна Кореја ја снабдува Русија со оружје за употреба во војната во Украина во замена за технолошки програми.