Синдикатот контра директорот на ДПИ
Како да реагираме на неправилности, ако има неправилности има и во нашата институција – Независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат му забележа на директорот дека не ги исполнува условите да биде на функција. Ферати појаснува – јас сум вршител на должност, именуван од Владата.

Извршниот директор на Просветниот инспекторат не е соодветен за функцијата која ја извршува, бидејќи нема ниту еден ден работено во образование, а треба најмалку пет – обвини Независниот синдикат на Просветниот инспекторат. Оттаму прашуваат – како да реагираме за неправилно поставените в.д. директори во училиштата и за другите аномалии ако нашиот прв човек не ги исполнува условите.
Синдикатот треба да претставува организација која ги штити правата на работниците, а не да не занимава со политички прашања. Овој синдикат е непрезентативен-одговори Ферати.
„Во однос на реакцијата на Независниот синдикат на Просветниот инспекторат со седиште во Сопиште, дека не сум соодветно лице за директор на ДПИ, ве информирам дека станува збор за вршител на должноста, именуван од Владата на РСМ, а не за функција избрана на јавен оглас“, стои во соопштението од Халид Ферати, в.д. директор на Просветен инспекторат.
Инаку Ферати е дипломиран политиколог и социјален работник, магистер по јавна администрација.
Александра Велинова
