Прилеп
„Прочка“ со карневали, обичаи и простување
16.03.2024 16:18
Во Прилеп во тек се тридневните карневалски свечености. Утре ќе дефилираат маските и мечкарите, а денес во центарот на градот се претставуваат обичаите за „Велики поклади-Прочка“...

Маскирање простување, амкање јајце, се дел од карневалските свечености, но и од обичаите и традициите за Велики поклади-Прочка. Прилепските мечкари со зурли и тапани ги канеа касапите во старата чаршија за посен ручек на чисти понеделник, а прилепчанки ги демонстрираа обичаите.
Граѓаните сакаат да се зачуваат традициите, иако некои се модернизираат.
Обичаите се жилави. За Прочка ги има многу. Прочистувањето на телото со постите и на душата со простувањето се меѓу основните.
Прилеп е подготвен за 22. карневал на Прочка.
Елизабета Митреска
