Во Штип се одбележа 75-годишнината од формирањето на НАТО
75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата. Во Штип презентација на техничката и кадровската опременост на Армијата. Министерката за одбрана смета дека процесот на модернизација на Армијата во услови на зголемени ризици не смее да запре...

Нема законска пречка во набавката на транспортни хеликоптери вредни 250 милиони евра во време на избори, тоа е дел од долгорочниот план за развој на одбранбените капацитети, вели министерката за одбрана. Потребата од нови хеликоптери е оправдана заради тоа што оние кои ги имаме се од 80 и 90 години.
Петровска присуствуваше на отворениот ден на АРМ и Министерството за одбрана во Штип.
Со членството во НАТО Македонија реализираше една од стратешките цели, гарант за безбедност и заштита на територијалниот интегритет на државата.
Славица Величковска
