PayPal доаѓа во Македонија
17.06.2014 11:21
За почеток, ќе можеме да купуваме на одредени е- продавници кои ја поддржуваат оваа услуга преку PayPal, додека локалното плаќање и префрлање пари од една на дуга сметка нема да биде дозволено...

PayPal конечно ќе стане достапен за користење во нашата земја почнувајќи од идната недела. Според информациите на официјалната страна на најголемиот сервис во светот за онлајн плаќање, Македонија е ставена на листата заедно со уште 10 нови земји.
PayPal нема да ги направи достапни сите сервиси оддеднаш во нашата земја, туку ќе ги имплементира со текот на времето. За почеток, ќе можеме да купуваме на одредени е- продавници кои ја поддржуваат оваа услуга преку PayPal, додека локалното плаќање и префрлање пари од една на дуга сметка нема да биде дозволено на почетокот.
Со додавањето на новите земји, PayPal сега е достапен во над 200 земји низ светот, поточно во 203 земји. Покрај Македонија, овој глобален сервис за електронска трговија се прошири и на пазарите во Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Монако, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Зимбабве, Парагвај и Нигерија. Последната земја е всушност најголемиот пазар додаден од PayPal, со над 60 милиони активни интернет корисници.
