Газа
Истоварени 200 тони храна во Појасот Газа
16.03.2024 18:25
Првата пратка со поморска хуманитарна помош за Газа е истоварена на брегот...

Првата пратка со поморска хуманитарна помош за Газа е истоварена на брегот.
Американската добротворна организација која стои зад мисијата Светска централна кујна (WCK) ја извршува мисијата во соработка со Обединетите Арапски Емирати.
Пратката содржи 200 тони потребна храна за Газа, за која ОН велат дека е на работ на глад.
