Штип бележи висок опфат на имунизација против пертусис и морбили
Штип е една од општините со солиден опфат на имунизација, над 90 насто од децата се вакцинирани против голема кашлица. Штипските градинки со децении наназад не запишуваат невакцинирани деца и редовно го следат вакциналниот статус на децата...

Над 90 насто е опфатот на имунизација со ди-те-пер вакцините во Штипско-Карбинскиот регион. Сличен е опфатот и со МРП вакцините. Вакциналниот статус на децата во штипските градинки редовно се следи. Педијатрите со препорака да се почитува календарот за имунизација.
Антиваксерите предизвикаа враќање на искоренети заболувања, велат лекарите и апелираат граѓаните да носат одлуки базирани на науката, а не на нечии лични ставови.
Нискиот опфат на имунизација на национално ниво доведе до епидемија на пертусис, а реална е заканата и од ширење на морбили.
Славица Величковска
