Македонија

Ѓорге Иванов учествуваше на Глобалниот форум во Баку

17.03.2024 09:18

Поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов учествуваше на 11-от Глобален форум во Баку. Од 14-16 март во Азербејџан се одржа Глобалниот Баку Форум во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Поправање на скршениот свет“...

Поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов учествуваше на 11-от Глобален форум во Баку. Од 14-16 март во Азербејџан се одржа Глобалниот Баку Форум во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Поправање на скршениот свет“.

Во текот на форумот, Иванов оствари средба со заменик генералниот секретар на ОН и висок претставник на Алијансата на цивилизации Мигуел Ангел Моратинос, со кој разговараа за можностите за соработка и перспективите на Македонија и регионот во глобалната мрежа на Алијансата на цивилизациите. Иванов се сретна и размени мислења со своите колеги и учесниците на форумот меѓу кои беа поранешни претседатели, премиери, министри од целиот свет, високи претставници на меѓународни организации и други.

Меѓународниот центар Низами Ганџави оваа година, на 11-от Глобален форум во Баку, отвори повеќе интересни и актуелни глобални теми за високите учесници меѓу кои: војната Израел-Хамас и нејзините импликации на Блискиот Исток, враќањето на „Realpolitik“, глобалното владеење и Самитот на иднината, кои цели може да се постават за COP29, климатската правда, улогата на регионалните воени и економски сојузи, регионалните перспективи на ЕУ и нејзините соседи, градењето отпорност на глобалните предизвици: справување со нееднаквоста, недостигот на ресурси и миграцијата, новата безбедносна парадигма во ерата на вештачката интелигенција и други.