Макрон подготвен да разговара со Путин за деескалација на кризата
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за деескалација на украинската криза...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за деескалација на украинската криза.
Од една страна, мора да и дадеме сè на Украина, таа треба да ги подобри одбранбените капацитети, но од друга страна мора да работиме на деескалација. Мора да постигнеме траен, праведен мир, рече Макрон, додавајќи дека доколу Путин понуди нешто ќе ги слушне неговите предлози. И Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да соработува со Париз доколку Франција покаже интерес.
Инаку, во Русија е последен ден од гласањето за претседателските избори. Досега излезноста на изборите е околу 60 проценти и се очекува Путин да го добие петтиот претседателски мандат. Гласањето се спроведува и во украинските региони што Русија ги анектираше лани во септември.
