Израел-Хамас

Продолжуваат разговорите за прекин на огнот во Газа

17.03.2024 10:10

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Давид Барнеа се очекува денеска во Доха да ги води разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавуваат западни медиуми...

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад Давид Барнеа се очекува денеска во Доха да ги води разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавуваат западни медиуми.

Тој ќе се сретне со катарскиот премиер и египетските претставници. Ќе разговараат за преостанатите отворени прашања во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, вклучувајќи го и бројот на палестинските затвореници кои би можеле да бидат ослободени од израелските затвори во размена на заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група.

Денеска во Израел е германскиот канцелар Шолц на средба со премерот Нетанјаху. Се очекува да разговараат за подготовката на Израел за копнената офанзива во Рафа, на југот од Газа.