Исланд
Еруптираше вулкан на исландскиот полуостров Рејкјанес, прогласена вонредна состојба
17.03.2024 10:28
Еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд. Според извештаите, станува збор за најсилната ерупција од декември...

Еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд. Според извештаите, станува збор за најсилната ерупција од декември.
Лавата стигнала до источните одбранбени ѕидови околу евакуираниот град Гриндавик. Локалните жители мораа да се евакуираат, прогласена е вонредна состојба.
Вулканот последен пат еруптираше на почетокот на февруари, што доведе до прекин на централно греење за 20 илјади луѓе, додека лавата уништи патишта и цевководи.
