Нови напади со дронови меѓу Киев и Москва
Одбранбените сили на Украина велат дека вчера одбиле 34 напади и спречиле обид за влез на руски диверзанти од регионот Суми...

Продолжува борбата со дронови меѓу Киев и Москва. Одбранбените сили на Украина велат дека вчера одбиле 34 напади и спречиле обид за влез на руски диверзанти од регионот Суми.
Министерството за одбрана на Русија пак тврди дека собориле 35 украински беспилотни летала над осум региони. Одбиен е и напад врз московски кварт, нема повредени.
Францускиот претседател Макрон одново повтори дека не треба да се исклучи можноста Франција да испрати војници во Украина. Од друга страна, рече дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за деескалација на украинската криза. „Мора да постигнеме траен и фер мир“, изјави Макрон.
