САД

Трамп предвидува крај на демократијата во САД доколку на изборите победи Бајден

17.03.2024 10:30

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, изјави дека доколку не победи на изборите во ноември, тоа ќе значи крај на демократијата во САД...

Се вжештува претседателската трка во САД. Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, изјави дека доколку не победи на изборите во ноември, тоа ќе значи крај на демократијата во САД. Од предизборен собир во Охајо обвини дека неговиот изборен пораз во 2020 година е изборна кражба.

За време на говорот во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден го критикуваше Трамп и неговата ментална подготвеност за претседателската функција. „едниот кандидат е премногу стар и ментално неподобен да биде претседател, а другиот кандидат сум јас“, се пошегува Бајден. Анкетата од минатата седмица на Ројтерес/ИПСОС покажала дека двајцата кандидати се изедначени меѓу регистрираните гласачи.