5-ти мундијалски фудбалски ден: Прво реми, дебакл и почетна среќа
Натпреварот на денот значеше уште една европска убавина. Практично на терен ја видовме германската машинерија. Португалија немоќна пред самоуверените и беспрекорно моќни германци, за декласирачки, уништувачки како за отворање на мундијалот, 4:0. Без еуфорија по секој гол, како да беше тој планот, очекувањата меѓу германците.

Натпреварот на денот значеше уште една европска убавина. Практично на терен ја видовме германската машинерија. Португалија немоќна пред самоуверените и беспрекорно моќни германци, за декласирачки, уништувачки како за отворање на мундијалот, 4:0. Без еуфорија по секој гол, како да беше тој планот, очекувањата меѓу германците.
Преку пенал отвори Милер 12 минути по почетокот на натпреварот, 20 минути потоа Хумелс ја дуплира предноста. Во меѓувреме глупавата реакција на Пепе врз тројниот стрелец на натпреварот Милер, го чинеше и него и неговата Португалија црвен картон и до крајот на мечот без играч на терен. Германија е тим кој такви грешки не простува, па како за најава на она што неминовно ќе следи, на истекот на првите 45 минути запишува втор погодок разлутениот Милер, за трет германски. Следеше вториот дел со значително намалена ефикасноста.Видовме еден погодок со кој си ја продолжи својата супер партија германскиот напаѓач Милер, за докрајчување на понижувачаката сага на Роналдо и дружината, а спектакуларен триумф од 4:0. Супер прослава на 100-тиот германски национален настап по мундијалите.
По дуелот за сите фудбалски гурмани, следеше досадно стишување во шарената земја и првото реми на светското. Во денот кој го днесе 13-тиот меч, а кој го одиграа Иран и Нигерија за расипување на победничкиот низ на натпреварите, а уште повеќе просекот на ефикасност кој досега беше три погодоци од меч. На Бајшада арената покрај нерешениот исход не видовме ниту погодок. Иако африканскиот шампион Нигерија беше тимот кој тежнееше за гол, затворената дефанзивна игра на Иран недозволи да се дојде до такво нешто.Овој натпревар ја прекина најдолгата серија на светските без реми уште од неговиот почеток 1930-тата.
Можеби ваквиот исход на настаните од овој дуел одат најмногу на рака на Босанците, кој по поразот од Аргентина на дебитатскиот мундијалски пат им се отвора многу полесно негово трасирање до второто во групата Ф место, што би го продолжило нивното планетарно фудбалско сонување кон осминафиналето.
Крајот на 5-тиот ден го означи стартот на дуелот САД и Гана, натпревар број два по Португалија-Германија во групата Г. Дијаметрално спротивен дуел од оној меѓу Нигерија и Иран, офанзивната игра беше главен белег во него. Во 29-тата секунда веќе се запишува привиот погодок, кој е 5-ти најбрзо постигнат на Мудијалите, а отиде на контото на американците по прецизниот шут на Демпси. Се разви вистинска борба по теренот во првиот дел. Вториот, го карактеризираше упорност и очигледна доминација на Гана. Притисокот на африканците вроди со плод во 82 минута со погодокот за изедначување на Ају, но бргу се сруши надежта за нешто плус. По само 4 минути САД и нивниот играч од клупата Брукс им носи радост и значаен триумф на американците. Ова се важни довови за американците пред одигрување на мечот на одлука со Португалија, кој најверојатно ќе го даде одговорот која селекција покрај сигурната Гермаија ќе остане подолго во Бразил.
Белгија и Алжир како и Русија-Ј.Кореја ги гледаме денеска како за почеток во денот во 18 часот и за крај на полноќ од групата Х. Меѓу нив во 21 часот ќе разбијат Бразил и Мексико со првиот меч од второто коло на мундијалот, дел од групата А.
