Македонија

Власта и опозицијата со различни ставови за набавката на хеликоптерите

17.03.2024 11:29

ВМРО-ДПМНЕ бара власта да ја стопира набавката на хеликоптерите. Оттаму сметаат дека тоа не треба да се прави во изборен период и оти одлука треба да носи идната политичка влада...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара власта да ја стопира набавката на хеликоптерите. Оттаму сметаат дека тоа не треба да се прави во изборен период и оти одлука треба да носи идната политичка влада. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат и дека чекор е неоправдан, бидејќи наместо борбени хеликоптери се набавуваат транспортни. Сепак, министерката за одбрана има поинаков став.

Петровска посочи дека не може да стане збор за корупција во предизборието, бидејќи постапката за набавката од околу 230 милиони евра била отпочната уште во 2019 година, а парите за купување на хеликоптерите се обезбедени во годинашниот буџет. Министерката рече дека е уверена во исправната одлука на тимот на професионалци што ја донел одлуката за набавката на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“.