Битола

Семејствата на починатите донори на органи се хероите на денешницата

17.03.2024 11:58

Во тагата и најтешките моменти собрана сила за огромен хуман гест. Ваква приказна ни доаѓа од Битола, каде семејството на починатиот Пеце Аврамовски реши да ги донира неговите органи. Спасени се четири животи – еден пациент доби срце, еден црн дроб, а двајца добија бубрези.

Има ли поголема човечност кога се соочувате се најголемата болка во семејството да ја издигнете хуманоста на највисоко ниво. Семејството Аврамовски го загуби својот сопруг, татко и брат 38 годишниот Пеце но со една храбар и хуман потег спасува најмалку четири животи. Одлуката падна кога во болката се запрашавме што доколку нас ни соопштеа дека потребен е некој орган за Пеце да преживее, вели зетот Николче.

За прераната смрт тагува и Пелагонискиот регион. Граѓаните едногласни потегот на ова семејство буди една поинаква свест.

Трансплантирани се срцето,црниот дроб и двата бубрези. Информациите велат дека срцето на Пеце веќе спасува критичен пациент.

Како таков ќе го паметат и семејствата чија болка е спасена, но и пациентите на кои им е потребна донираната коскена срж.

 

Стевче Митревски