Струмица карневалски блесна со околу 1.300 маски од земјава и странство
Околу 1.300 карневалисти од земјава и странство настапија на струмичкиот карневал и пренесоа голем број на пораки. Организаторите задоволни од креативноста на учесниците кои го потврдија квалитетот на карневалот во Струмица...

Цели четири часа траеше интернационалното карневалско дефиле во Струмица. Шаренило од бои, одлични креации и силни пораки упатија карневалистите од струмичките улици каде ги следеа десетици илјади посетители.
Вкупно 1.300 учесници поделени во 48 групи ја направија Струмица да биде карневслкиот центар на Балканот и Европа, бидејќи се понудија квалитетни маски во кои е вложен многу труд, љубов и желба.
Струмичкиот плоштад и денеска беше полн. Околу 500 дечиња ги презентираа своите маски кои ги работеа со своите учителки воспитувачки.
Ване Трајков
