МВР

Уапсен 22-годишен скопјанец, превезувал петмина мигранти од Сирија

17.03.2024 13:13

Земјава сè уште води борба со кримчарите на мигранти. Уапсен е 22-годишник од Скопје, кој со автомобил превезувал Сиријци.

Полицијата уапси 22-годишен скопјанец, кој во автомобил превезувал пет мигранти од Сирија на регионалниот пат Демир Капија – Неготино. Не застанал на полициската наредба, но, брзо бил фатен. Мигрантите се пренесени во транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Мигрантската криза е далеку од завршена, иако, статистиката на МВР покажува константно опаѓање на бројот на вакви случаи.

Од МВР додаваат дека покрај тоа што границата се следи под будно око се работи и во внатрешноста заедно со партнерите од ФРОНТЕКС.

Според официјалната статистика на МВР, во текот на минатата година биле спречени речиси 14 илјади обиди за влез на илегални мигранти, а во првите два месеца од годинава се спречени над 1.500 обиди за влез.

 

 

Ана Јосифоска-Тодоровска