Косово-Србија

Вучиќ: Промени во доктрината и пристапот во дијалогот со Приштина

17.03.2024 13:26

Српскиот претседател Вучиќ најави дека ќе има промени во доктрината и пристапите за продолжување на дијалогот со Приштина...

Српскиот претседател Вучиќ најави дека ќе има промени во доктрината и пристапите за продолжување на дијалогот со Приштина.

Тој рече дека Белград останува отворен за дијалог, но дека разговорите ќе ги води на поинаков начин и нема да дозволи земјата да се става пред свршен чин. Вучиќ, во Палатата Србија ги прими основците од Косово и им порача дека имаат само еден главен град, а тоа е Белград.