Политика

Партиски обвинувања за непотизам

17.03.2024 15:00

Предизборието ги вжешти партиските кујни. На дневен ред непотизмот. СДСМ обвини за испреплетена шема на вработувања на роднини и пријатели на охридскиот градоначалник Пецаков, во училишта, општината, капетанијата и други јавни претпријатија.

„Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. Сестрата на неговата сопруга Билјана е вработена во општинскиот центар „Свети Наум Охридски“. Александар Китевски е близок со Пецаков и моментално е секретар во општина Охрид. Неговата сопруга Елена Китеска е вработена во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, партиските вработувања на грбот на граѓаните се нивна одлика, вели Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, препознава непотизам во редовите на социјалдемократите.

„На седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од евро за квадратен метар. Жално е што и на прочка се шират лаги и манипулации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако кампањата официјално не е почната, партиските обвинувања се секојдневни.

Наташа Гркова-Петрушевска