Здравство
Одлеаниот медицински кадар во Германија со сопствено здружение
17.03.2024 15:07
Јавното здравство се десеткува. Лекарите заминуваат во странство, оние кои почнаа да работат во Германија формираат и сопствено здружение...

Толку многу лекари си заминаа, што во Германија и Лекарско друштво формираат. Целта им е преку соработка, да си ги олеснат работите. Основач на друштвото со седиште во Нинберг е докторката Христина Влавческа.
За да разменат знаења и искуства имаат план, организираат конгреси и во Македонија и во Германија.
Таа не сака да навлегува во личните причини зошто си заминала, но вели работите се очигледни, на секое скалило има проблем.
Таа би се вратила дома, но само кога работите би се смениле во Македонија.
Наташа Јанчиќ-Менковски
